Прегазен 77-годишен велосипедист во Кичево

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Седумдесет и седумгодишен велосипедист е тешко повреден откако бил удрен во Кичево.

„Вчера во 11.45 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на крстосницата од магистралниот пат Охрид – Кичево со ул.„Марксова“ во Кичево, патничко возило „хјундаи“ со кичевски регистарски ознаки управувано од Б.Џ.(80) од с.Црвивци, кичевско, удрило во велосипед управуван од С.Д.(77) од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Медицински центар Кичево“, информираат од МВР.

По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот