Фото: МВР

Предупредувачко пукање во Чаир – фатени разбојници во обид да ограбат маркет

Предупредувачки истрел во воздух испукале полицајците ноќеска во Чаир, откако добиле пријава дека тројца разбојници сакаат да ограбат маркет. Двајца се приведени, а по третиот крадец се трага.

– Денеска (06.09.2025) полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Х. (23) и Е.А. (19), кои насилно влегле во маркет на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје, на територија на Чаир и се обиделе да извршат разбојништво. Во 04:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека три машки лица насилно влегуваат во маркетот, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициските службеници од Единицата за интервентна полиција и ПС Бит Пазар. Откако ги виделе полициските службеници, лицата се дале во бегство, по што еден полициски службеник испукал еден предупредувачки истрел во воздух – соопшти МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот