Предмети во домот поради кои делувате несредено во очите на гостите

Фото: Пекселс/nicole-michalou

Психолозите нѐ потсетуваат дека околината и внатрешноста на просториите во кои живееме се исклучително важни, бидејќи имаат огромно влијание врз нашите животи. Декорацијата на ентериерот го одразува не само нашиот внатрешен свет, туку и нашиот однос кон себеси, пишува српскиот „Мери Клер“.

Неопходно е да се следи хармонијата и удобноста од најмалку две причини – од тоа зависи нашата психолошка состојба, но и нашиот имиџ во очите на гостите кои нѐ посетуваат.

Станува збор за четири детали во домот, кои оставаат впечаток дека домаќинот е несреден.

Копии на уметнички слики

Фотографиите и уметничките слики на ѕидовите се секогаш одлична идеја. Тие помагаат да се збогати ентериерот и му даваат посебен шарм. Но, тие треба да се избираат многу внимателно, бидејќи многу лесно можат да го уништат целиот впечаток.

Ако трошите многу пари на репродукции на светски дела и ги ставате во големи рамки, тогаш, веројатно, ова е ваш обид да создадете имиџ дека како домаќини сте големи интелектуалци. Запомнете дека овој лажен трик нема да ви даде одреден статус. Можеби е убава идеја да поддржите локални уметници, чии дела се уникатни.

Фото: Pexels

Крпи со дамки

Чистотата не е важна само за здравјето, туку е и нешто кое кажува многу повеќе за вас од стилот на мебелот или бојата на ѕидовите.

Мора да се согласите со тоа дека малкумина би уживале во пиењето чај на извалкана маса, а истото важи и за валканите крпи. Запомнете, ако не успеете да ги отстраните дамките од крпата по првото перење, време е да се збогувате со неа.

Одберете квалитетни памучни крпи, кои не само што изгледаат стилски, туку и траат многу подолго.

Лажна свилена постелнина

Свилата отсекогаш била синоним за богатство. Во последниве години, популарноста на свилата како постелнина е значително порасната, бидејќи многу експерти за убавина постојано ни укажуваат на тоа дека свилените навлаки за перници имаат огромно влијание врз нашата кожа.

Единствениот недостаток на деликатните комплети е нивната превисока цена. Не секој е подготвен да издвои толку пари за постелнина, па многумина се решаваат за алтернатива – полиестер. За жал, таквите комплети само наликуваат на свила, а ги немаат сите корисни својства.

Доколку досега не сте имале можност да купите постелнина од природна свила, ве советуваме да обрнете внимание на памучните или ленените комплети. Убавината е во едноставноста, а телото ќе ви биде благодарно.

Фото: Pexels

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот