
Пред спиење задолжително со ова плакнете ја устата, ќе направи чуда за вашето здравје!
Секој од нас сака да има здрави и бели заби.
Препорачано
Сепак, поради тоа честопати сме склони да им веруваме на рекламите и да купуваме разни хемиски производи кои можат да бидат штетни за нашето здравје.
Така на пример, многу луѓе користат пенкалo за белење на забите, водички за плакнења, од кои некои содржат штетни материи. Сепак, постои една намирница со која многумина имале позитивно искуство.
Кокосовото масло е познато по своите бројни придобивки, а најчесто се користи за нега на кожата и косата, но и за подготовка на храната. Кокосовото масло е исто така составен дел на бројни производи за шминка, како и за нега на кожата. Поради својот состав богат со масти, како и со витамините Д и Е, употребата на кокосовото масло благотворно влијае на нашето здравје. Кога избирате кокосово масло за нега, погрижете се вашиот избор да биде ладно цедено, нерафинирано кокосово масло.
Жабуркањето (плакнење) кокосово масло во устата може да биде исклучително корисно за здравјето, како и за хигиената на устата и забите. Со повлекување (на англиски јазик – pulling) или жабуркање на кокосовото масло во устата се стимулира производството на плунка, што ги елиминира бактериите присутни во устата. Исто така, поради својот природен состав, кокосовото масло помага да се отстрани вишокот наслаги од забната глеѓ и доведува до природно избелување на забите.
Како да жабуркате масло во устата?
Сипете една лажица кокосово масло во устата откако ќе ги измиете забите, во траење од пет минути. По жабуркањето, не ја плакнете устата, а пожелно е оваа рутина да ја практикувате наутро и навечер. Бидејќи органското кокосово масло е сосема природно, можете да го користите долго време. Ако имате чувствителни непца, пред употребата на кокосовото масло консултирајте се со вашиот стоматолог.