Пред девет месеци со Аргентина стана светски шампион, а сега ја завршува кариерата?

Фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

Aлeхандро Папу Гомез остана без клуб откако го раскина договорот со Севиља и се уште е без ангажман.

На Аргентинецот и не му се брза, па најави дека ако не ја пронајде вистинската прилика може да ја заврши кариерата.

„Ја чекам вистинската прилика, ако не дојде, ќе се пензионирам. Вложив се во фудбалот и не сакам да завршам со горк вкус“, изјави Гомез.

Гомез беше дел од аргентинската репрезентација која пред девет месеци го освои Светското првенство.

„Фактот што сум светски шампион за мене уште е нешто неверојатно. Напорната работа во се, па така и во фудбалот секогаш се исплати“, смета Аргентинецот.

Во европскиот фудбал, Гомез пристигна во 2010 година во редовите на Катанија од каде три години подоцна направи трансфер во Украина во Металист. Пред девет години се врати во Италија потпишувајќи за Аталанта каде што го играше и најдобриот фудбал во кариерата. Дресот на Севиља го носеше во изминатите две ипол години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот