Собрание, пратенички прашања / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Пратениците во Собранието утре се враќаат на работа, распустот заврши

По две недели пауза поради трагедијата во Кочани, Собранието од утре продолжува редовно да функционира со закажани комисиски и пленарни седници.

Плурална Македонија памети многу несреќи, но не памети Собранието две недели да не заседава, зашто така одлучил претседателот на парламентот со потпретседателите и со шефовите на парламентарните групи. Пленумот не се состана ниту да изрази сочувство на семејствата на 59 загинати млади во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и да упати пораки за брзо закрепнување на околу 200 повредени, ниту, пак, донесе одлука за финансиска помош на погодените од несреќата.

Собранието, пак, се правдаше дека работата продолжила во други вообичаени форми, преку координации, подготовка и разгледување предлог-законите, како и состаноци на различни нивоа и со теренски активности во Кочани.

Петковски: Собранието да се самораспушти, во најтешкиот момент ги напушти граѓаните

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот