Познато колку потрошила Силјановска во досегашната кампања

Денеска ДИК ги објави финансиските извештаи за кампањата на претседателските кандидати. Меѓу објавените е и тој на кандидатката Гордана Силјановска Давкова каде пишува дека потрошила околу 165 илјади евра.

Според податоците таа има приходи од 204 илјади евра, а донации стигнале од 250 физички лица. Најголема донација има од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски – три илјади евра, а пратеникот Антонијо Милошоски донирал 2,5 илјади евра.

Претходно, на страницата на ДКСК беа објавени извештаите за Стево Пендаровски кој според податоците потрошил 480 илјади евра, а Блерим Река 25 илјади евра, во првите десет дена од кампањата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот