Познато е како девојчето од Русија ја набавила пушката, со која што пукала во училиштето

Универзитетот во Перм, Русија, по нападот на 18-годишникот/ Фото Screenshot Vesti.ru

Руските надлежни органи утврдиле дека пушката од која ученичката пукала во училиштето во Брјанск му припаѓала на нејзиниот татко .

Руските надлежни органи утврдиле дека пушката од која ученичката пукала во училиштето во Брјанск му припаѓала на нејзиниот татко и дека имал дозвола за поседување оружје, соопшти денеска прес-службата на руското Министерство за внатрешни работи за регионот Брјанск.

Според информациите на Истражниот комитет, 14-годишна ученичка ја донела пушката – сачмарка во училиште, од која испукала неколку истрели, од кои еден усмртил девојче, а уште пет ученици се ранети.

Девојчето кое го изврши нападот, се самоуби.

Пушката од која пукала малолетничката била на нејзиниот татко и законски се чувала дома.

„Согласно важечките регулаторни и правни акти, проверката на чувањето на оружјето во рацете на граѓаните се врши врз основа на мотивирани писмени барања на соодветните единици на Руската гарда“, се наведува во пораката на Истражниот комитет.

Пет лица се пренесени во болница поради повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот