фото: ФК Новаци

Познати се бараж двојките за пополнување на Втората фудбалска лига

Ќе се играат вкупно три бараж мечеви за пополнување на Втората македонска фудбалска лига за следната натпреварувачка сезона 2023/2024.

Од сите шест екипи, единствениот второлигаш е Тетекс кој ќе се обиде да обезбеди опстанок против првопласираниот од Третата лига – исток, Осогово од Кочани.

Потоа, најдобриот од Третата лига – југ Вардар Неготино ќе ги одмери силите против Новаци, освојувачот на Третата лига – југозапад.

Во третиот бараж за пополнување на 2МФЛ, најдобриот од Третата лига – запад Влазрими ќе се соочи со првопласираниот од Третата лига – север, Башкими.

Сите натпревари ќе се играат на 28 мај од 17.00 часот.

Бараж натпревари за 2 МФЛ:

Тетекс – Осогово (Стадион „Борис Трајковски”, Маџари)
Башкими – Влазрими (Градски стадион, Тетово)
Вардар Неготино – Новаци (Градски стадион, Кичево)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот