фото: EPA/ERIK S. LESSER

Познати четвртфиналните двојки на Светското клупско првенство 2025

Фудбалерите на Борусија Дортмунд последни обезбедија пласман меѓу најдобрите осум на Светското клупско првенство во САД.

Германскиот клуб на стадионот во Атланта со резултат 2:1 триумфираше против тимот на Монтереј.

„Милионерите“ водеа по првото полувреме со 2:0 со головите на Гираси во 14 и 24 минута, а две асистенции запиша Адејеми.

Единствениот погодок за мексиканскиот претставник го реализираше Бертераме во 48 минута по асистенцијата на Агире.

Противник на Дортмунд во четвртфиналната фаза ќе биде Реал Мадрид кој претходно со 1:0 го елиминираше составот на Јувентус.

Светско клупско првенство 2025
Четвртфинале, двојки

4 јули
Палмеирас (Бразил) – Челси (Англија)
Флуминенсе (Бразил) – Ал Хилал (Саудиска Арабија)

5 јули
ПСЖ (Франција) – Баерн Минхен (Германија)
Реал Мадрид (Шпанија) – Борусија Дортмунд (Германија)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот