Ајон Скај и Ентони Кидис - Фото: Profimedia/EPA

Позната актерка ја шокира јавноста со признанието: Забременив на 17 години, Ентони Кидис плати за мојот абортус

Британско-американската актерка Ајон Скај изненади многумина со признанието дека забременила од Ентони Кидис, фронтменот на „Ред хот чили пеперс“, кога имала само 17 години и дека тој платил за нејзиниот абортус, пишува „Пејџ сикс“.

Ова шокантно откритие доаѓа како дел од нејзините нови мемоари „Кажи сè“, а актерката наведува дека оваа болна одлука ја донеле заедно бидејќи била премлада, а тој бил зависен од хероин. Скај имала само 16 години кога почнала да излегува со Кидис, кој тогаш имал 24 години.

„Јас бев тип на девојка која сакаше бебе уште од мала, која фантазираше да најдам повиено бебе на мојот праг или да ми го донесе штркот“, пишува Скај, која сега има 54 години, во својата штотуку објавена книга.

„Но, фантазијата е една работа, реалноста е нешто сосема друго“. „Во тој момент не можев ни да замислам да имам толку мало дете“, додава таа.

Како што опишала, пејачот не дошол со неа на закажаниот термин за абортус поради чувство на вина. Сепак, таа денеска не жали за својот избор.

“Се грижев за себе, донесов одлука која ми изгледаше добра и важна за мојата иднина. Не би имала дете на 17 години, со некој кој не сака да биде татко, не сака ни да се обврзува и кој има проблеми со управувањето со гневот. Да не зборуваме за зависноста од хероин”, објаснува таа во своите мемоари.

Во неодамнешното интервју за списанието „Пипл“, Скај рече дека се чувствува инспирирана да ја раскаже својата животна приказна откако критичарите на социјалните мрежи ја доведоа во прашање нејзината романса со Кидис, кој сега има 62 години.

„Овие девојки на TикTок кажуваа работи како: „Како може мајка ми да ми дозволи да бидам со Ентони? И јас возвратив, не на агресивен начин, но сакав да им дадам до знаење дека мајка ми беше навистина вознемирена што сум со рок ѕвезда како Ентони Кидис.

„И не знам, така почнав да размислувам сè повеќе и повеќе да можам да ја кажам мојата страна од приказната и имав многу да кажам“, рече Скај.

Таа откри и дека повеќе не зборува со Кидис. “Јас сум во контакт со неговата мајка, но повеќе не сум со него. Многу ме интересира неговото мислење за мојата книга – ме интересира неговото и мислењето на татко ми. Тие се оние за кои најмногу ме загрижува. Но, секој што ја прочитал книгата вели дека е добра“, заклучува актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот