Позната тиктокерка ненадејно почина на 36 години: Неодамна го победи ракот на дебелото црево

Кајл Мариса Рот / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Познатата тиктокерка Кајл Мариса Рот почина на 36-годишна возраст, откако претходно го победи ракот на дебелото црево, пренесуваат странските медиуми.

Таа има околу 200.000 следбеници на мрежата каде што се прослави и стана позната поради нејзините понекогаш контроверзни ставови за познатите личности. Таа се здоби со слава со нејзиното известување и коментари за најновите настани во забавата и поп-културата.

Кајл Мариса Рот / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Семејството на Кајл објави за нејзината прерана смрт. Веста за смртта ја потврди на Линкдин нејзината мајка Џеки Коен Рот, но не ја откри причината за смртта.

„Ова не е платформа за споделување личен живот, но толку многу од моите врски на оваа платформа датираат години наназад и морам да споделам катастрофална загуба. Мојата ќерка Кајл почина. Таа допре некои од вашите животи лично, а некои од вашите животи преку нејзиниот огромен живот на друга платформа. Кајли сакаше и живееше жестоко. Сега ништо нема смисла и ќе разбереме повеќе во следните неколку дена. Бидете љубезни еден кон друг, ве молам – напишала нејзината мајка.

Сестрата на Кајл, Линдзи на Инстаграм напиша: „Сестра ми почина минатата недела. Сè уште не знаеме што се случи. Таа трогна толку многу луѓе со својот хумор, интелигенција, убавина, активизам..“.

Инаку, Кајл јавно зборуваше за нејзините здравствени борби во последните години, особено по борбата со ракот на дебелото црево – кој неодамна го победи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот