
Пожртвуваноста на Kилијан Марфи: За „Oppenheimer“ научил 30.000 зборови на холандски јазик во еден викенд
Филмот „Oppenheimer“ на Кристофер Нолан, досега постигна неверојатен успех, заработувајќи повеќе од 80 милиони долари во текот на првиот викенд само во САД и околу 180 милиони долари низ целиот свет.
Препорачано
Според критиките, луѓето се задоволни од филмот, а најмногу комплименти има за изведбата на Килијан Марфи во главната улога на „таткото“ на атомската бомба.
Во разговор за „Пипл“, Роберт Дауни Џуниор (58) за неговиот колега во „Oppenheimer“, изјавил дека досега не бил сведок на поголема жртва на главниот актер.

Дауни, кој во филмот го игра претседателот на Комисијата за атомска енергија, Луис Штраус, рекол дека бил импресиониран од посветеноста на Марфи на масовниот потфат да глуми главна улога во тричасовниот филм.
„Тој знаеше дека ќе биде тешко, кога му се јави Крис. Но, мислам дека ја имаше и скромноста што е потребна за да преживее играјќи ваква улога“, рекол Дауни.
Тој открил дека за време на слободен викенд од снимање, актерската екипа решила да се одмори. Но, тоа не било случај и за Килијан. Откако го повикале заедно да прошетаат, актерот ги одбил, бидејќи морал да научи 30.000 зборови на холандски јазик.

„Ох, морам да научам 30.000 зборови на холандски. Имајте убав ден“, им рекол Килијан.
„Oppenheimer“ бил снимен за само 57 дена, што е најкраток период за кој било филм на Нолан. За време на снимањето, целата актерска екипа била сместена во истиот хотел, па заедно се дружеле и јаделе кога имале слободно време, но не и Килијан Марфи.
Филмот што сите го чекаат: Килијан Марфи јадел по еден бадем дневно за да биде поубедлив Опенхајмер
„Barbie“ руши рекорди: Заработи 155 милиони долари, двојно повеќе од 80-те милиони на „Oppenheimer“