
Пожарот кај Дрисла и натаму беснее, вечерва гори и на две места кај Струга
Низ целата држава, до вечерва во 20 часот, регистрирани се вкупно 24 пожари на отворен простор. Четири од нив и натаму се активни и предизвикуваат најголема грижа, два се ставени под контрола, а пожарникарите успеаја да изгаснат 18 огнени жаришта.
Препорачано
Најголемиот проблем во моментов е во Липково и Гази Баба, каде што пламенот ја зафати нискостеблестата деградирана и дабова шума кај селото Никуштак и кај Булачани. Огромни облаци чад се издигаат и од депонијата „Дрисла“ кај скопското село Батинци, каде што гори ѓубре и интервенцијата, според надлежните, е многу сложена.
Во Струга има два одвоени пожари кои предизвикуваат големи штети – едниот во боровата шума кај селото Татеши, а другиот во населбата Еленкамен, каде што гори ниска вегетација.
Пожарите кај Берово и Струмица се под контрола. Во Русиново, на локалитетот Дрџински рид, пламенот уништуваше дабова и букова шума со папрат, но силната интервенција спречи понатамошно ширење. Во Струмица, пак, гореше депонијата во селото Куклиш, но пожарот веќе е ставен под надзор.
Пожарот во „Дрисла“ е сепак опасен, загрозени се и борова шума и објекти во близина
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5