Пожар во Трубарево / Фото: Скопје1.мк

Пожарникари се борат со голем оган во Трубарево, црниот чад се гледаше од речиси цело Скопје

Од речиси секаде во Скопје, попладнево можеше да се забележи облакот од црн чад кој доаѓаше од селото Трубарево. Таму, според Центарот за управување со кризи, избувнал пожар, а вечерва се упатени пожарникарите кои се борат со огнот.

ЦУК не соопшти што е запалено, но оттаму велат дека пожарот избувнал кај гробиштата во селото.

Скопјани и жителите на околината на главниот град беа вознемирени од глетката.

Од ЦУК велат дека добиле десетина пријави за пожарот, а повеќе информации најавија за подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот