Пожарникар спаси маче паднато кај столбовите на Камени мост

Фото: Град Скопје

Пожарникарот Садат Кадриу од дежурниот тим на петтата бригада на Пожарна Скопје вчера бил во спасувачка мисија кај Камени мост – и спасил маче паднато и заглавено кај столбовите на мостот.

Фотографијата од убавиот потег на пожарникарот се споделуваше по социјалните мрежи, а скопјани  го поздравија овој хуман гест и порачаа дека кога повеќето луѓе вака би постапувале би било многу поинаку и подобро и за животните и за граѓаните.

Скопје има и вакви, убави приказни.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот