
Повторно извиси, Зеленски одбиен да зборува на Оскарите
Украинскиот претседател Володомир Зеленски сакал да одржи говор на годинешното доделување на Оскарите, но организаторот го одбил. Зеленски е добредојден на многу доделувања на награди и филмски фестивали, но не и за време на најважната филмска ноќ, преносот од доделувањето на Оскарите.
Препорачано
Втора година по ред Академијата за филмски уметности и науки го игнорира Зеленски, кој се надевал дека оваа година ќе учествува во преносот, упатувајќи апел преку видеоповик.
Украинскиот претседател, кој по професија е актер, неодамна гостуваше на Берлинскиот филмски фестивал и во емисијата на „Еј-би-си“ посветена на Оскарите, а претходно одржа говор и на Канскиот филмски фестивал, филмскиот фестивал во Венеција, Греми наградите и филмските награди Златен глобус.
Академијата не се огласи во врска со целиот случај, а сето ова се случува во моментот кога анкетите покажуваат дека поддршката на Американците во однос на помош за Украина слабее.
Зеленски најмногу се надевал на агентот Мајк Симпсон, до кој стигнал преку Шон Пен и Арон Кофмен, со кои го снимаше документарецот за војната во Украина минатата година. Симпсон, кој застапува многу познати холивудски ѕвезди, требало да го искористи своето влијание за да ги убеди организаторите на Оскарите да му дозволат на Зеленски да одржи говор, но тие не биле заинтересирани.
Минатата година беше истата приказна, продуцентот Вил Пакер објасни дека нема да го одобри говорот на Зеленски, поради тоа што Оскарите се оградуваат од политика или што било друго неповрзано со филмовите.