Загадување во Струмица / Фото: Фејсбук

Повторно се шири густ чад во Струмичката котлина, активистите велат дека се гори отпадно масло

Доцна попладнето, над Струмичката Котлина повторно е забележан облак од бел чад, а еко-активистите алармираат дека вчеравечер пожарникарите интервенирале на пожар од запалено отпадно масло.

Загадување во Струмица / Фото: Фејсбук

„Во Струмица повторно голем облак од чад на северната и јужната страна од градот. Ова никако не е случајно и за овие намерни палежи некој мора да заглави во затвор! Пријавено е во пожарната и инспекциите кои веќе се на терен, а МВР мора да ги најде подметнувачите. Дознаваме дека во синоќешниот вечерен пожар се гасело отпаден зејтин, а на местото се најдени документи од струмичка фирма. МВР е на потег!“, велат активистите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот