
Повторно е одложено враќањето на астронаутите кои 10 месеци се заробени во вселената
Мисијата за враќањето на двајцата американски астронаути, повторно е одложена, објави во средата американската вселенска агенција НАСА, пренесува „Еј-би-си“. Двајцата членови на екипажот „Starliner“, Буч Вилмор и Сунита Вилијамс, се на Меѓународната вселенска станица (International Space Station – ISS) од јуни, иако требаше да останат само една недела.
Препорачано
НАСА и SpaceX го откажаа обидот да го лансираат вселенското летало „Crew Dragon 10“ до ISS поради технички проблем во последен момент.
Екипажот 10, вклучувајќи ги астронаутите на НАСА, Ен Меклејн и Никол Ајерс, астронаутот на Јапонската агенција за воздушно-вселенско истражување, Такуја Ониши и космонаутот на Роскосмос, Кирил Песков, ќе го заменат екипажот 9 кога ќе пристигнат на ISS.
НАСА објави дека екипажот 9, со астронаутите на НАСА Ник Хејг, Вилијамс и Вилмор, заедно со космонаутот на Роскосмос Александар Горбунов, ќе ја напуштат вселенската станица најдоцна до 17 март, во зависност од временските услови на брегот на Флорида.
Вилијамс и Вилмор пристигнаа на ISS на почетокот на јуни на првиот пробен лет на вселенското летало „Starliner“ со екипаж на Боинг. Тие требаше да останат на ISS само една недела, но таму останаа 10 месеци поради бројни технички проблеми со леталото.
„Starliner“ е делумно еднократно вселенско летало кое се состои од капсула на екипажот висока три метри и сервисен модул. За разлика од возилото Crew Dragon, изградено од SpaceX на Илон Маск, „Starliner“ не слетува на вода, туку на суво.