Повремен македонски репрезентативец уапсен во Хрватска, претепал човек за паркинг место

фото:drava.info

Поранешниот македонски репрезентативец, Музафер Ејупи кој моментно настапува за Славен Белупо, е уапсен во Копривница, Хрватска, откако со уште еден пријател му нанеле тешки телесни повреди на локален жител.

Според полицијата, причина за тепачката и подоцнешното апсење на Ејупи и на неговиот пријател е кавгата за место за паркирање.

„На 25. септември во 19:40 часот на улицата „Антун Немчиќ“ во Копривница, дошло до физичка пресметка меѓу три лица на возраст од 52, 32 и 31 година. 53-годишното лице се здобило со тешки телесни повреди, а другите двајца со лесни повреди. Две лица се приведени и се истражува случајот“, стои во полицискиот извештај.

Музафер Ејупи е повремен член на фудбалската селекција на Македонија и има настапувано за Вардар, а во хрватскиот шампионат е од 2015 година каде освен за Славен Белупо играл и за Осиек.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот