„Повраќав крв шест месеци“: Кејт Бекинсејл доби критики дека драстично ослабела, па се огласи за нејзината здравствена состојба

Кејт Бекинсејл / Фото: Instagram / katebeckinsale

За време на подготовките за снимањето на нејзиниот нов филм „Украдена девојка“, популарната актерка Кејт Бекинсејл беше снимена во нејзиниот кампер како пробува многу интересни фустани и фризури во ретро стил, но на нејзините следбеници им падна во очи само на една работа – нејзиниот премногу слаб изглед.

Имено, Кејт беше принудена да се одбрани откако доби многу негативни коментари за нејзиниот слаб изглед, а некои дури и беа загрижени за нејзиното здравје, особено што неодамна заврши во болница поради мистериозна болест, пишува „Пејџ сикс“.

Фото: Instagram / katebeckinsale

Додека актерката изгледаше воодушевена што се вратила на работа по неколкунеделниот престој во болница, корисниците на социјалните мрежо побрзаа да го кажат своето мислење за нејзиниот изглед.

„Жал ми е што го кажувам ова, но Кејт изгледаш премногу слабо“; „Секогаш имавше совршено избалансирана тежина. Но, кога ќе ти паднат образите, се губи рамнотежата“, биле дел од коментарите.

И тогаш актерката проговори, па конечно откри зошто била хоспитализирана пред неколку месеци.

Фото: Instagram / katebeckinsale

„Се грижев за мојот очув до неговата смрт на почетокот на оваа година. И мајка ми се разболе. Гледав како умираат татко ми и очувот. Ја изгубив мојата мачка со која бев речиси 19 години, исто така минатата година“, започнала актерката, а потоа додала:

„Поминав шест недели во болница поради повраќање крв, што беше предизвикано од стресот што ми направи дупка меѓу хранопроводот и стомакот“, истакнала актерката.

„Тоа е она што сум подготвена да го откријам и што придонесе за одредено губење на тежината. Што мислите за мојот изглед и како треба да изгледам, без оглед на какви било околности во мојот живот и моето семејство, не е важно. Се обидувам да го преживеам она што изгледа како неподнослива загуба“, заклучила Кејт, замолчувајќи ги критичарите.

ФОТО | Позната британска актерка итно хоспитализирана: Со солзи во очите ја сподели веста од болничкиот кревет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот