Повеќе од 112.000 луѓе се официјално невработени во Украина

Одеса, Украина/ Фото: Nina Liashonok/Ukrinform / Sipa Press / Profimedia

Бројот на официјално регистрирани невработени во Украина од 1 август достигна 112.300. Од почетокот на годината, Државната служба за вработување им помогнала на речиси 127.000 Украинци да најдат работа, покажуваат официјалните податоци на таа служба, пренесува Укринформ, објави Политика рс.

„Заклучно со 1 август 2023 година, 112.300 лица имале статус на невработени. Во вкупниот број регистрирани невработени, 31.800 лица (28 отсто) се мажи, 80.500 лица (72 отсто) се жени“, се наведува во извештајот.

Најголем дел од невработените е забележан кај лицата на возраст од 35 до 44 години и од 45 до 55 години – по 29 отсто. Огромното мнозинство од невработените (43 отсто) се со високо образование, уште 36 отсто се со стручно и техничко образование, пренесува Танјуг.

Според податоците на Заводот за вработување, услугите на нејзините структурни одделенија во периодот јануари-јули 2023 година ги користеле 481.800 лица, од кои 370.700 евидентирани невработени. Забележано е дека 235.900 луѓе во Украина добиле надоместок за невработеност.

Со помош на центрите за вработување, во периодот јануари-јули 2023 година, работа нашле 126.900 лица, од кои 91.300 евидентирани невработени.

Како што беше соопштено, Државниот завод за вработување веќе има издадено речиси 44.000 упати за ангажирање лица на општествено корисни работни места, а за нивно спроведување се издвоени околу 7,5 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот