Повеќе од 1.000 студенти на Харвард протестираа на церемонијата на доделување дипломи

Харвард / Фото Архива на СП

Над 1.000 студенти протестираа на церемонијата за дипломирање на Универзитетот Харвард во САД поради одлуката на администрацијата на универзитетот да не доделува дипломи на студентите кои учествуваа во пропалестинските протести.

Тие ја напуштија свеченоста извикувајќи „Слободна Палестина“, по соопштението на администрацијата на Харвард.

Еден од организаторите на студентскиот протест, Шрути Кумар, изјави за американски медиуми дека 13 студенти треба да бидат меѓу дипломираните во 2024 година, објаснувајќи дека повеќе од 1.500 студенти и околу 500 универзитетски професори и вработени собрале потписи за овие студенти да ги добијат дипломите. Кумар истакна дека се длабоко разочарани од односот на универзитетската администрација кон слободата на изразување и правото на граѓанска непослушност.

Еден од 13-те студенти кои беа спречени да ги добијат дипломите, Асмер Асрар Сафи, рече дека казната покажува колку далеку може да оди Харвард за да ги задоволи своите донатори.

Иако нема да можеме да се вратиме на овој Универзитет, се надеваме дека нашите пријатели ќе го одржат во живот наследството од Кампот на солидарност во Газа, рече Сафи.

Одборот на доверители на Харвард соопшти дека 13 студенти со своето однесување ја прекршиле политиката на Универзитетот за време на пропалестинскиот протест и затоа најавиле дека нема да им бидат доделени дипломите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот