
Потврдено убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар
Јахја Синвар, лидерот на Хамас, е убиен за време на израелска воена операција, потврди доцна во четвртокот израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац.
Препорачано
Мозокот на 7 октомври
Синвар беше архитектот зад терористичките напади на 7 октомври минатата година врз Израел, во кои загинаа околу 1.200 луѓе, а стотици беа земени како заложници. Тие терористички напади ја поттикнаа сегашната израелска војна против Хамас во Газа, пишува Дојче Веле.
61-годишникот стана политички лидер на Хамас во Газа по убиството на неговиот претходник Исмаил Ханије во август во главниот град на Иран, Техеран. Хамас, кој владее со палестинската територија Газа, се смета за терористичка организација не само од Израел, туку и од САД, Германија и неколку други земји.
Лидерот на Хамас е роден во палестински бегалски камп во градот Кан Јунис, јужна Газа. Тој се приклучи на Хамас во 1987 година, набргу по неговото основање.
Синвар поминал децении во израелските затвори за убиство на двајца израелски војници.
За време на затворот, тој читал израелски весници и наводно течно зборувал хебрејски. Израелските лекари му го спасиле животот и од канцероген тумор на мозокот и му обезбедиле стоматолошки третман.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
11сек
-
17мин
-
20мин
-
23мин
-
36мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5