Петар Младеновски - Пеце - Фото: Слободен печат/ Методи Здравев

ПОТКАСТ „Со Ана на Ти“ | Петар Младеновски: Културната едукација на децата денес е на последно место

Вечерва во 20 часот на јтјуб каналот на „Слободен печат“ се емитува деветтото издание на поткастот „Со Ана на ТИ“, каде наш гостин е Петар Младеновски – Пеце, фронтменот на култниот скопски бенд „Суперхикс“, со кој минатата година прославија 30 години од нивното основање. Пеце покрај тоа што е успешен музичар, басист и вокалист, тој е дипломиран професор по руски јазик и книжевност, професија со која за жал не се занимавал никогаш во животот.

Тој е и реализиран сопруг и татко, посветен на своето семејство и вечен поборник за валидација и развој на културата, уметноста и вистинските општествени вредности. Со Пеце зборувавме за неговото детство, образование, булингот, влијанието на новата технологија и социјалните мрежи врз новите генерации и уште многу интересни теми со кои направивме паралела на животот пред триесетина години и сега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот