Поставена нова куќарка за размена на книги во Градскиот парк

Фото: Град Скопје

Вакви куќарки за размена на книги во моментов се поставени во Градскиот парк, паркот „Ибни Пајко“, како и во дворот на ДКЦ „Карпош“.

Детскиот културен центар „Карпош“ деновиве постави нова куќарка за размена на книги во Градскиот парк, заменувајќи ја старата која беше оштетена. Вакви куќарки за размена на книги во моментов се поставени во Градскиот парк, паркот „Ибни Пајко“, како и во дворот на ДКЦ „Карпош“.

Овие куќарки се поставени како дел од проектот „Улични библиотеки“ кој го реализираат Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје. Во овие улични библиотеки граѓаните можат бесплатно да позајмат книги и да ги вратат откако ќе ги прочитаат, но и да оставаат книги кои би сакале да ги споделат со другите. Главната цел на овој проект, кој се проведува под мотото книгите да бидат достапни за сите. Тие се симбол на доверба и надеж – мала предност на книжевната среќа. Воедно апелираме до граѓаните да бидат совесни да не се оштетува поставената урбана опрема – информираат од Град Скопје.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот