фото: EPA-EFE/Szilard Koszticsak

Поставен нов светски рекорд во Дијамантската лига

Јакоб Ингебригтсен на митингот во рамките од Дијамантската лига во Брисел, Белгија, постави нов светски рекорд на трката на 2000 метри.

Норвешкиот атлетичар ја заврши трката за 4:43,13 минути, и така го надмина претходниот рекорд, од 1999 година кој беше во сопственост на Мароканецот Хашам Ел-Геруж (4:44,79 мин.)

Инаку трката на 2000 метри не е дел од олимписката програма, ниту од програмата на Светското првенство.

Ингебригтсен е последователен светски шампион во трката на 5000 метри, како и олимписки и светски вицешампион на 1500 метри.

Ова е претпоследната станица во сезоната на Дијамантската лига, а истата завршува во Јуџин, САД, на 16 и 17 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот