„Последната лента на Крап“ има изведба во офф-програмата на ИФАД „Стоби“

На сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, Велес, во офф-програмата на ИФАД „Стоби“ на 20 септември, со почеток во 19 часот, членот на жири-комисијата, Ѓорѓи Јолевски, ќе настапи со монодрамата „Последната лента на Крап“.

Оваа година, 19. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“, се одржува од 17 септември до 1 октомври, а покрај официјалната натпреварувачка програма, вклучена е и придружна офф-програма.

Монодрамата „Последната лента на Крап“ од Семјуел Бекет, во изведба и режија на Ѓорѓи Јолевски, изминатиот период гостуваше и на јубилејните 30. Денови на Св. Кирил и Методиј, во Македонскиот културен центар во Крањ, Словенија, како и на фестивалот на монодрамата „Гавран фест“ во Загреб, Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот