После една недела молчење, Илир Демири ќе одговори зошто се затворени операционите сали на Клинички

Илир Демири - министер за здравство / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Министерот за здравство Илир Демири денеска на пладне на прес-конференција најави одговори за хаваријата на Хируршките клиники во комплексот „Мајка Тереза“ каде операционите сали се затворени една недела и пациентите не се оперираат. Министерството за здравство недела дена не одговара кои се причините за тоа што салите се затворени ниту пак го има решено проблемот. До Јавното обвинителство испратиле допис во кој бараат обвинител да постапи и да утврди дали има елементи на кривично дело во врска со тоа што салите не работат. Се ширела непријатна миризба и проблемот не е лоциран и не е јасно дали се работи за системот за довод на кислород или за нешто друго, особено откако ВМРО-ДПМНЕ вчера праша дали е точно дека салите се затворени поради тоа што во нив имало бактерија МРСА, која може да биде смртоносна.

Обвинителот веќе сослушал претставник на Министерстовтото за здравство, а потоа ќе бидат повикувни и директори на клиниките.

Затворањето на хируршките сали предизвика огромни гужви во ГОБ „8 Септември“ и во болницата „Св. Наум Охридски“ позната како стара градска болница, каде се вршат сите итни операции за сметка на што полесните чекаат.

Дополнителен проблем, беше и немањето вода, поради зафатот на водоводната мрежа, па пациентите пиеја вода од цистерна во саботата вечерта на цел Клинички центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот