Фото: МИА

Поскапуваат екстра лесното масло и мазутот

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49 отсто во однос на претходната одлука од 22 септември 2025 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), остануваат непроменети.

Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денари по литар, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС расте за 0,644 денари по килограм и сега ќе изнесува 37,591 денари/кг.

Од 30 септември 2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: ЕУРОСУПЕР БС – 95: 75,50 ден/л, ЕУРОСУПЕР БС – 98: 77,50 ден/л, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 69,50 ден/л, Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1): 69,50 ден/л, Мазут М-1 НС: 37,591 ден/кг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот