Портпаролот на Кремљ: Интервјуто на Путин не беше упатено до американските власти, туку до широката публика на Запад

дмитриј песков
Дмитриј Песков / EPA-EFE/SERGEY GUNEEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Интервјуто на рускиот претседател Владимир Путин со американскиот новинар Такер Карлсон не беше упатено до властите на Соединетите Американски Држави, туку до широката публика на Запад, изјави за Тасс портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„За нас е најважно да се слушне нашиот претседател. А ако се слушне значи дека повеќе луѓе ќе подразмислат дали е во право или не. Барем ќе размислуваат , објасни Песков.

На Русија и е тешко да им одолее на САД во смисла на пропаганда, бидејќи „англосаксонците, на овој или оној начин ги поседуваат сите најголеми радиодифузери, сите најголеми весници“, објасни тој и додаде дека интервјуто со Карлсон е многу добра можност да им се пренесе ставот на Москва на жителите кои живеат на западот.

 

Песков истакна дека американските власти и без ова интервју совршено ги знаат сите главни пораки на Путин.

Тие многу добро знаат што мисли. Не е прашање на знаење, туку прашање на желба. Желбата да се направи нешто за да се излезе на преговарачка патека. Се уште не сме ја регистрирале таа желба и политичка волја од страна на САД, заклучи Песков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот