Фото: Инстаграм/Макс Ерих

Поранешниот свршеник на Деми Ловато уапсен: Ја нападнал својата мајка и го пренесувал инцидентот во живо

Американскиот актер Макс Ерих, поранешен свршеник на пејачката Деми Ловато, е уапсен на Флорида под обвинение за семејно насилство. 34-годишниот актер е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата мајка, жена постара од 65 години, објави списанието „Пипл“.

Инцидентот се случил во раните утрински часови на 8 октомври, кога Ерих бил приведен и одведен во затворот на округот Сент Луси. Истото попладне платил кауција од илјада долари и бил пуштен на слобода.

Според полицискиот извештај до кој дошол Ти-ем-зи, актерот непосредно пред нападот злоупотребувал азотен оксид, познат и како „гас на смеа“. Насилството се случило во нивниот дом во Флорида, а Ерих наводно го пренесувал целиот инцидент во живо на социјалните мрежи.

Полицијата ја повикал сосед, откако мајката на актерот избегала кај него барајќи помош. Таа изјавила дека нејзиниот син „сериозно злоупотребува инхаланти“. Во полициската евиденција е наведена и примена на Законот Леа Бејкер, кој во Флорида се однесува на лица со ментални нарушувања на кои им е потребна итна интервенција.

Во деновите пред уапсувањето, Ерих објавувал вознемирувачки содржини на социјалните мрежи. Во последната објава споделил скриншот со пораката „Срцето ми е скршено :(“, а во описот го објавил телефонскиот број на својата мајка и ги замолил следбениците „да ѝ праќаат пари“. Фановите изразиле загриженост и го повикале „да побара помош“.

Ерих е најпознат по улогата во серијата The Young and the Restless („Млади и немирни“). Во 2020 година беше свршен со Деми Ловато, откако врската им траеше само четири месеци. Зарчките беа раскинати два месеца подоцна. Тогаш извор близок до парот изјави дека тоа била „тешка, но неопходна одлука“, и дека двајцата решиле да се посветат на своите кариери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот