КПУ Затвор во Шутка, Скопје / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Поранешни директори на затворот во Струмица пуштале затвореници на одмор иако не ги исполнувале условите

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Ц. (41) од Струмица, поранешен директор на Казнено-поправната установа Затвор Струмица, В.М. (36) од Струмица, поранешен в.д. директор на истата установа, и В.Т. (42) од Струмица, заповедник на затворската полиција, поради сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1, во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Според полицијата, Б.Ц. и В.М., злоупотребувајќи ја својата функција, во повеќе наврати постапувале спротивно на член 70 од Правилникот за куќен ред. Тие издавале решенија со кои на осудени лица им биле доделувани погодности без спроведување на задолжителната постапка. На овој начин, Б.Ц. во три случаи му овозможил на едно лице краткотраен излез од установата, додека В.М. во 32 наврати овозможил краткотраен излез на седум лица. Во два случаи тој дозволил и користење на годишен одмор за две осудени лица, иако тие не ги исполнувале условите. Дополнително, В.М. овозможил на четири лица да бидат префрлени од полуотворено во отворено одделение, иако за тоа немале право.

Пријавениот В.Т., пак, од В.М. добил писмено овластување да врши работи од областа на ресоцијализација, иако немал соодветно образование за тоа. Во исто време тој продолжил да ја раководи и затворската полиција, извршувајќи две исклучително важни и одговорни функции кои се неспоиви. – Скопје1.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот