
Поранешната мис на Азија почина за време на втората бременост: „Умирам, прости ми“
Поранешната мис на Азија и позната сириска актерка Енџи Морад почина од компликации предизвикани од вирусна инфекција која ја добила за време на втората бременост, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
Енџи која имаше 32 години и беше позната по улогите во сириските телевизиски драми, беше примена на одделението за интензивна нега кон крајот на јануари, но не можеше да се справи со болеста и почина на 9 февруари.
Таа на крајот на јануари напиша трогателна порака на Фејсбук:
„Умирам, прости ми“.
Енџи ги избришала своите фотографии на социјалната мрежа и објавила црна насловна фотографија. Според извештаите, Енџи се борела со пневмонија пред да биде префрлена на интензивна нега.
Нејзиниот сопруг Самер подоцна сподели порака на нејзиниот профил:
„Енџи е во тешка ситуација меѓу животот и смртта. Молете се за неа“.
Откако семејство ја потврди веста дека починала, нејзината мајка во емотивна објава на Фејсбук напишала:
„Господ да те помилува ќерко моја“.
Енџи ја започна својата актерска кариера во 2007 година.
Енџи Морад е родена во 1992 година во главниот град на Сирија, Дамаск. Дипломирала на Вишиот институт за драмски уметности и ја започнала својата актерска кариера во 2007 година. Таа стана позната по улогите во сириските серии како „Bakaa Dav 13“ и „Al-Gharib“.
По краткото повлекување од очите на јавноста во 2020 година, таа се врати на актерството во серијата „Souk Al Haramia“, која започна да се емитува на 19 јануари оваа година.
Таа се здоби со меѓународна слава во 2017 година кога ја освои титулата Мис Азија. Зад себе остави сопруг и ќерка.