
Поранешната девојка на Леонардо Дикарпио, позната инфлуенсерка осудена на 8 години затвор за сексуална експлоатација и трговија со луѓе
Бразилската инфлуенсерка Катјуша Торес, позната како Кет, минатата година беше осудена на осум години затвор за трговија со луѓе и ропство, откако намами неколку жени да живеат со неа во Тексас и ги принуди на сексуална работа. Нејзините жртви сега ги споделија своите искуства за тоа како таа ги измамила да се преселат во САД, пренесува „Дејли мејл“.
Препорачано
Instagram’s most dangerous woman: Influencer ‘ex of Leonardo DiCaprio’ scammed millions of followers with her rags-to-riches story before luring them into live with her and forcing them into prostitution and slavery https://t.co/tv7ry9L91Z
— Daily Mail US (@DailyMail) April 11, 2025
Кет, која блиските до неа ја опишаа како „мајстор манипулатор“, претходно тврдеше дека била во врска со холивудскиот актер Леонардо Дикарпио, а исто така била позната и по опсесијата со вештерство. Освен тоа, таа се претставувала како духовен месија, па дури и се споредувала со Исус.
Таа доби милион следбеници на Инстаграм со прикажување на навидум совршен живот, исполнет со луксуз и просперитет – но реалноста зад сцената беше далеку од тоа бидејќи принудуваше некои од нејзините верни следбеници да работат во стриптиз клубови и да ѝ служат без да им плати ниту долар.
Но, зад сето тоа се криеше измамник кој беше подготвен да ги подложи своите клиенти на секакви „видови на зло“, вклучително и сексуална експлоатација, манипулација, ропство и трговија со луѓе што доведе до потера од страна на ФБИ низ државата. Нивната истрага доведе до нејзино апсење и на крајот до осуда, по што беше осудена на осум години затвор во Бразил.
Документарецот на „Би-би-си“ беше објавен во средата во кој една од жртвите – Дезир, ја сподели својата потресна приказна. Кога првпат стапила во контакт со Кет, се чувствувала „длабоко разбрана“ и нашла „утеха“ во нејзините зборови. Торес собра импресивен број следбеници на социјалните мрежи, со кои споделуваше мотивациони објави и промовираше различни производи. Таа напиша и книга за нејзиниот живот, која наведе милиони луѓе да веруваат дека таа има навистина тежок живот.
Но, зад нејзината стручно изработена мрежа на Инстаграм се криеше измамник подготвен да ги подложи своите клиенти на секакво зло – вклучително сексуална експлоатација, вознемирување, ропство, па дури и три случаи на трговија со луѓе кои доведоа до потера на ФБИ низ целата земја.
Ова доведе до нејзино апсење и конечно осудување минатата година во Бразил на осум години затвор за трговија со луѓе и ропство.
Кога имала 24 години била фотографирана во друштво на познат актер, што предизвикало гласини за врска со Дикаприо. Во 2013 година, Кет навидум ги потврди гласините за нивната врска. „Го запознав Лео во Кан. На фестивалот останавме во иста куќа“, рече тогаш таа.
„Лео е неверојатен, но јас сум загрижена што ќе мисли за мене што го кажав ова. Склучивме пакт да не зборуваме за нашата врска“, додаде таа. Леонардо никогаш не ја потврди нивната врска.