Фото: Profimedia/Инстаграм/Лорен Пишиота

Поранешната асистентка на Канје Вест повторно ја дополни тужбата против раперот: Тврди дека организирал оргии

Лорен Пишиота, поранешната асистентка на Канје Вест, ја дополни тужбата што неодамна ја поднесе против него. Сега, меѓу другото, изјавила дека неговата сопруга Бјанка Ценсори била „координатор“ на неговите оргии, пишува „Дејли Мејл“.

Таа исто така тврди дека неговата канцеларија служела како „сексуално игралиште“ и дека Бјанка доброволно учествувала во неговите „извртени сексуални фантазии“.

Во тужбата стоело и дека Канје често организирал „секс-забави“ во луксузни хотели и се обидувал да ја принуди Лорен да учествува во нив.

Како што е познато, Лорен претходно го обвини за силување и следење во текот на 2021 и 2022 година. Таа исто така тврди дека еднаш ја фатил за врат и ѝ шепнал:

„Отсекогаш знаев што ќе ти направам ако некогаш те видам повторно“.

Таа напишала и дека Бјанка во тој момент била до нив и дека не гледала ништо непристојно во однесувањето на нејзиниот сопруг.

Канје го негираше нејзиното првично обвинение и рече дека го уценувала. Тој сѐ уште не одговорил на дополнетата претставка.

Поранешна помошничка го тужи Канје Вест: Тврди дека ѝ испраќал пораки со експлицитна содржина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот