Поранешна „Плејбој зајачица“ тврди: Џастин Тимберлејк ја изневери Камерон Дијаз со мене

Фото: Profimedia

Поранешниот модел на „Плејбој“, Зои Грегори (49), тврди дека имала афера со пејачот Џастин Тимберлејк (43) додека тој бил во врска со актерката Камерон Дијаз (51).

Во разговор за „Дејли мејл“, убавата русокоса откри дека го запознала пејачот на заба во вилата на „Плејбој“ и дека му пришла. Грегори тврди дека тој првично ја одбил, со образложение дека е во врска со Дијаз, но дека таа потоа го убедила, велејќи му дека Дијаз не е присутна.

„Тој не сакаше да испадне кукавица. Се повлековме, се соблековме и почнавме да се забавуваме“, вели поранешниот модел на „Плејбој“.

Фото: JOERG CARSTENSEN / AFP / Profimedia

Таа додала дека таа и Тимберлејк „немале секс“, но наводно се гушкале и бакнувале.

Претходно, Грегори јавно откри уште еден зафатен маж со кој била, а тоа е Алекс Родригез. Во текот на 2019 година, таа тврдеше дека Родригез разменил сексуално експлицитни пораки со неа, само неколку недели пред да ја запроси пејачката и актерка Џенифер Лопез.

„Тој беше како валкано куче. Изгледаше како сиромашен и напален дечко. Ако го правеше тоа до моментот кога ја запроси, не е навистина фер“, изјави тогаш Грегори за „Сан.

Хју Хефнер и Зои Грегори
Хју Хефнер и Зои Грегори / Фото: LUCY NICHOLSON / AFP / Profimedia

Инаку, Тимберлејк нема јасна историја на љубовни врски. И пејачката Бритни Спирс го обвини дека ја изневерил неколку пати во текот на нивната тригодишна врска. Пејачката пишуваше за ова во нејзините мемоари „Жената во мене“ („The Woman in Me“), објавени во октомври 2023 година. Таа наведе дека Тимберлејк ѝ бил неверен со „уште една позната личност“. Имаше гласини дека тоа е Никол Еплтон од англиската група „Ол сентс“, бидејќи тие биле видени како заедно се враќаат во неговиот хотел во Лондон во 2000 година, додека тој сè уште бил со Спирс. Тимберлејк раскина со Спирс преку СМС порака кога дозна дека таа го изневерила со кореографот Вејд Робсон.

Џастин Тимберлејк и Бритни Спирс / Фото: Profimedia

Пејачот раскина со Камерон Дијаз во 2007 година и беше забележан како разговара со Џесика Бил на доделувањето на Златните глобуси само неколку недели подоцна. Ова, наводно, ја налутило Дијаз, но не е јасно дали Тимберлејк имал некаква врска со Бил додека тој сè уште бил со неа.

Потоа Тимберлејк влезе врска со Бил, но во 2010 година се шпекулираше дека ја изневерил со Оливија Ман. Тој ги негираше сите овие обвинувања.

Тимберлејк и Бил се венчаа во 2012 година и заедно имаат две деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот