Поранешен тетовски полицаец доби кривична пријава, си регистрирал кола без документи

СВР тетово/ фото: МИА

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Р.А. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „фалсификување службена исправа”.

Како што соопшти МВР, пријавениот, поранешен вработен во Одделот за управни работи при МВР – Отсек за управни работи Тетово, на 01.10.2021, 04.10.2021 и 20.12.2021 година со намера да се стекне со противправна имотна корист ја искористил својата шифра за влез во системот, внел податоци во обрасците, изготвил сообраќајна дозвола и извршил промена на регистарските таблички на патничко моторно возило „Ситроен” без притоа да ја обезбеди потребната документација, што е спротивно на законските одредби.

При вршењето на проверките било утврдено дека досиејата од првата и втората регистрација на возилото не се пронајдени, односно дека пријавениот ги изгубил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот