Поранешен еквадорски потпретседател се обидел да се самоубие во затвор

Хорхе Глас / Фото EPA-EFE/Jose Jacome

Поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас, бил хоспитализиран на почетокот на неделава откако се обидел да изврши самоубиство во затворот со максимална безбедност во Гвајакил, соопшти на Икс поранешниот претседател на земјата Рафаел Кореа.

Информацијата ја потврди и адвокатката на Глас – Соња Вера. Таа додаде дека моментално притворениот поранешен потпретседател прогласил штрајк со глад.

Глас, кој двапати беше осуден за корупција и сега се соочува со нови обвиненија, беше уапсен во петокот во спектакуларна полициска рација во мексиканската амбасада во Кито, каде што се засолни од декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот