Парно радијатори за греење / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Поради студеното време, грејната сезона во Скопје почнува од утре

ЕСМ информира дека грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во Скопје, ќе почне од утре поради најавениот пад на температурите.

– Иако грејната сезона официјално стартува на 15 октомври, регулативата дозволува таа да започне и порано, доколку средната надворешна температура е еднаква или пониска од 12 степени. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, за 2 октомври е прогнозирана средна температура од 10 степени, со што се исполнети условите за производство и испорака на топлинска енергија – се вели во соопштението.

Од ЕСМ апелираат корисниците навремено да ги завршат потребните поправки на внатрешните грејни инсталации, а заедниците на сопственици да обезбедат непречен пристап до топлинските потстаници и редовно електрично напојување.

Интервенциите, откако ќе се завршат, треба да се пријават во Центарот за грижа на потрошувачи.

На веб-страницата на ЕСМ Снабдување секојдневно ќе се објавува информација дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија, а сите заинтересирани можат да добијат повеќе информации или да пријават дефекти на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот