Поради неисправни кочници казни за 14 возила кои вршеле јавен транспорт на патници

Фото: МВР

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 07.00 до 12.00 часот била спроведена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници.

При контролата санкционирани се 40 прекршоци, од кои 14 поради неисправен уред за запирање.

Упатени на вонреден технички преглед биле 172 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз на патници. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се и 115 други видови на сообраќајни прекршоци, соопшти МВР.

Најавија дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Навремено да се проверува техничката исправност на возилата и навремено да бидат отстранети евентуалните недостатоци, велат надлежните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот