Попладнево ќе се асфалтира крстосницата кај ФОН, сообраќајот ќе се одвива по една лента

Фото: ЈП „Улици и патишта“

Денеска попладне, од 17 часот екипи на ЈП „Улици и патишта“ ќе започнат со асфалтирање на крстосницата на булевар Киро Глигоров кај Универзитетот ФОН  и салонот на „Мерцедес”. Поради изведба на градежните активности сообраќајот ќе се одвива етапно, прво ќе биде зафатена една коловозна лента, па потоа другата, а при асфалтирањето ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од прептпријатието апелираат за трпение на сите учесници во сообраќајот до завршување на градежните работи на оваа крстосница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот