Полска ја враќа тампон зоната на границата со Белорусија

Ограда на границата Полска /Фото: ЕПА

Премиерот на Полска, Доналд Туск денеска најави дека тампон зоната широка 200 метри на границата со Белорусија ќе биде обновена по ескалацијата на насилството, откако вчера еден од мигрантите обидувајќи се илегално да ја премине полската граница нападнал војник со нож.

– Во оваа ситуација, драматична како нападот на нашиот војник кој се бори за живот во болница, сакаме да знаете дека сме со вас, оти не станува збор за толеранција на нападот или двоумење во поддршката на нашите војници. Ни беше препорачано да ја обновиме тампон зоната и следната недела Владата ќе ја усвои таа одлука и ќе ја интензивираме работата на инфраструктурата и новиот тип ограда, посочи Туск.

Тој вети дека Владата, исто така, законски ќе регулира војниците, граничарите и полицајците да можат да ги користат сите расположливи средства што ги имаат за да се заштитат од такви напади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот