Полицискиот синдикат бара од Наќе Чулев да ги награди и полицајците за борбата со Ковид 19

Полицискиот синдикат бара од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев да не ги остава полициските службеници на маргините, туку да ги награди, слично како што лекарите ќе добијат два месеци плата повисока за 20 отсто.

Претседателот на синдикатот Марјан Кицев го повика Чулев да го следи примерот со најавеното покачување на платата на најизложените здравствени работници и истиот принцип да го примени и врз полициските службеници.

Од Полицискиот синдикат велат дека црвениот аларм светнал откако заразата се појавила кај неколку припадници на Единицата за брзо распоредување кои по извршените тестови се позитивни на коронавирусот. Од министерот Чулев синдикатот бара да им бидат навремено доставувани маски и ракавици на полицајците, да има средства за дезинфекција и да се врши вонредна дезинфекција на сите простории во кои престојуваат и работат колегите.

Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат, го повикува Mинистерот за внатрешни работи г-дин Наќе Чулев веднаш да превземе засилени мерки и активности во насока на заштита на полициските службеници на терен кои се секојдневно дирекно изложени на опасност од зараза со Корона вирусот. Од денес не смееме да дозволиме ниту еден вработен во МВР да биде испратен на терен без соодветна заштитна маска, ракавици и средство за дезинфекција бидејќи полициските службеници како никогаш до сега им се потребни на граѓаните на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот