Полициска акција во Скопје, приведени се 16 лица

Фото: МВР

По претходно добиени оперативни сознанија, полицијата во текот на вчерашниот ден во Скопје изврши претрес на 19 локации при што приведени се 16 лица за недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а од нив пет лица се приведени во врска и со сознанија за друго кривично дело.

Пронајдена е и поголема сума на пари кои потекнуваат од продажба на дрога, како и податоци за лица на кои им била продавана дрога.

Фото: МВР

Во текот на вчерашниот ден (02.04.2023) на подрачје на Скопје, по претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОЈО Скопје по добиени судски наредби, извршија претреси на дом и други простории на 19 локации при што приведени се 16 лица поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а од нив пет лица се приведени во врска и со сознанија за друго кривично дело, се вели во соопштението од МВР.

По документирање на случаите лицата ќе бидат предадени на надлежното обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот