Полицијата казни 536 возачи за брзо возење

Сообрќајна полиција / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Полицијата во текот на вчерашниот ден казнила 536 возачи за брзо возење. Како што информира МВР 262 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 274 надвор од населено место.

„Во текот на вчерашниот ден (06.08.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 536 возачи. Од нив 36 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 262 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 274 надвор од населено место.“

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот