
Полицијата фати 82 возачи без дозвола и приведе петмина, 644 сообраќајни прекршоци во еден ден
Полицијата на патиштата низ државата регистрирала вкупно 644 сообраќајни прекршоци во вторникот, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).
Препорачано
„Во текот на вчерашниот ден (23.09.2025), во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, вкупно беа издадени 644 платни од коишто во најголем дел се сообраќајните прекршоци што се однесуваат на непрописно паркирање — 183, како и на управување возило со брзина поголема од пропишаната — 158 прекршоци“, се вели во соопштението на МВР.
Покрај тоа, казнети биле 82 возачи кои управувале без возачка дозвола, 33 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле и 37 возачи кои не носеле сигурносен појас. Исто така, 27 мотоциклисти биле санкционирани бидејќи возеле без заштитен шлем.
„Санкционирани се и двајца возачи на електрични тротинети, петмина возачи што минале на црвено светло како и 10 возачи што управувале возило со недозволено количество алкохол во крвта. Петмина возачи биле приведени и ќе им бидат поднесени кривични пријави бидејќи кај нив биле детектирани вредности на алкохол во крвта над 1,5 промили.
„Инаку, согласно Законот за возачи вчера од сообраќај беа отстранети 16 возила заради непоседување важечка сообраќајна дозвола, како и четири возила заради техничка неисправност. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, порачуваат од МВР.