Полиција запрела пијан возач, судот го ослободил мажот чие тело само произведува алкохол

Фото: Creative Commons Zero - CC0 / Peakpx

Белгиец e ослободен од обвиненијата за возење под дејство на алкохол, откако било утврдено дека страда од исклучително ретка состојба во која телото самостојно произведува алкохол (auto-brewery syndrom – ABS), рекол неговиот адвокат.

Ансе Гескаер во понеделникот рекла дека во „уште една несреќна случајност“ нејзиниот клиент бил запрен поради „алкохол“, но тројца лекари кои независно го прегледале потврдиле дека има АБС.

Белгиските медиуми јавуваат дека судијата во пресудата посочил дека обвинетиот, кој не бил именуван во согласност со локалните судски обичаи, не покажал симптоми на интоксикација.

Лиза Флорин, клинички биолог во белгиската болница „АЗ Синт-Лукас“, рекла дека луѓето со АБС произведуваат ист вид алкохол кој се наоѓа во алкохолните пијалаци, но генерално помалку ги чувствуваат неговите ефекти.

Луѓето не се раѓаат со АБС, но можат да го развијат кога имаат некое друго нарушување поврзано со цревата. Пациентите може да имаат симптоми конзистентни со интоксикација на алкохолот, како што се нејасен говор, сопнување, губење на моторните функции, вртоглавица и подригнување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот