Илустрација: Точење гориво на бензинска станица / Фото: EPA-EFE/CONSTANTIN ZINN

Поевтинуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалуваат за 1,00 денар по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поевтинува се половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 74,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 76,00, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 70,50, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) по 70,50 денари за литар.

За 0,746 денари поевтинува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 39,412 денари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот