Поддршката на Тејлор Свифт е „класифицирана информација“, се пошегува Бајден во ретко телевизиско гостување

Бајден на гостување кај Сет Мејерс / Фото: Jim WATSON / AFP / Profimedia

Џо Бајден се пошегува дека потенцијалното одобрување на неговата претседателска кандидатура од познатата пејачка Тејлор Свифт е „класифицирано“. Бајден синоќа се појави на ток-шоуто „Доцна навечер со Сет Мејерс“ на Ен-Би-Си.

Кога станува збор за овогодинешните претседателски избори, Бајден бара дополнителни начини како да допре до гласачите, бидејќи досега во голема мера ги избегнуваше прес-конференциите во Белата куќа и интервјуата на телевизиите. Бајден го прескокна и традиционалното претседателско интервју пред Супербоулот.

Бајден се соочи со критики како медиумски најсрамежливиот претседател во модерно време. Откако ја презеде функцијата, тој има направено 86 интервјуа, споредено со 300 на Трамп и 422 на Барак Обама во истиот период од нивното претседателствување.

За време на интервјуто, Мејерс го праша Бајден за теоријата на заговор што се шири меѓу некои конзервативци дека момчето на Тејлор Свифт и актуелен шампионот на НФЛ лигата со тимот на Канзас Сити Чифс, Тревис Келси, се дел од деталниот заговор за да им се помогне на демократите да победат на изборите во ноември.

„Дали можете да потврдите или негирате дека постои активен заговор помеѓу вас и госпоѓицата Свифт?“ праша Мејерс.

„Од каде ги добивате овие информации, тие се доверливи“, одговори Бајден, додавајќи дека Свифт го поддржала за претседател во 2020 година.

Бајден, кој има 81 година и е најстариот американски претседател досега, исто така се осврна на загриженоста за неговата возраст, велејќи: „Морате да го погледнете другиот, тој е стар колку што сум јас, но не може да се сети на името на неговата сопруга.”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот